Промо Гласањето ќе предизвика егзодус на 10 илјади вработени

Предупредувачки собир на вработените во секторот игри на среќа, Асоцијациите порачуваат гласањето за игри на среќа на црно не носи гласови

Гласањето за игри на среќа на црно не носи гласови, а ќе предизвика егзодус на 10 илјади вработени во овој сектор порачаа претставниците на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа и Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија денеска во заедничка изјава пред Собранието во придружба на дел од вработените кои излегоа на предупредувачки собир.

Предупредувачки собир на вработените во секторот игри на среќа, Асоцијациите порачуваат гласањето за игри на среќа на црно не носи гласови

„Сакаме да ја искористиме оваа прилика уште еднаш да им порачаме на сите пратеници, без разлика на нивната партиска, етничка и верска припадност дека ГЛАСАЊЕТО ЗА ИГРИ НА СРЕЌА НА ЦРНО НЕ НОСИ ГЛАСОВИ! Воведувањето дистанца на објектите на 500 метри од образовни институции не е мерка за заштита на младината, туку мерка за затворање на легалните игри на среќа и создавање предуслови за играчници на црно. Тоа е вистината и ниту едно политичко образложение не може овој факт да го промени. Тогаш државата ќе нема никаква контрола а младината ќе биде вистински загрозена. Доволно е пратениците да се потсетат на аферата „Детонатор“, кога беа запленети 1500 покер апарати поставени нелегално. Може само да претпоставуваме колку диви играчници по разни подруми ќе никнат доколку се стави клуч на легалните објекти за игри на среќа“, истакна Горан Стоименов, претставник на Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС).

Стоименов истакна дека не случајно во Албанија, тамошната Влада се откажа од четиригодишната забрана за игри на среќа заради отворање на диви играчници и удар врз нивната економија. Нема држава во која се спровеле радикални чекори за затворање на легалните објекти за игри на среќа кои по автоматизам не предизвикале отворање игри на црно, велат од Асоцијацијата.

„Погледнете ја иронијата. Редовните критичари тврдат дека заради заштита на младината е неопходно да се затворат објектите за игри на среќа. Додека ние овде зборуваме за противуставните законски измени, државата овозможува преку интернет, игрите на среќа да станат достапни буквално на секој мобилен и статичен уред. Нема потреба да се оди до објектите, преку онлајн игрите на среќа доволно е од дома некој да се вклучи на платформа и да игра. Тоа некое мнозинство пратеници кое смета дека треба овие противуставни законски измени да се донесат по секоја цена ќе мора да и објасни на јавноста зошто свесно и со умисла се откажува од 280 милиони евра годишни приходи во централниот Буџет од легалните игри на среќа. За илустрација, тоа е повеќе од 5 проценти од приходите планирани во предлог Буџетот за 2024 година“, рече Стоименов во изјавата пред медумите.

Асоцијациите предупредуваат дека пратениците мора да бидат свесни дека изгласувањето на овие измени ќе предизвикаат егзодус на 10 илјади вработени во овој сектор, кои заедно со своите семејства ќе бидат принудени да се иселат и да си ја бараат егзистенцијата во западните земји, каде повторно ќе работат во индустријата игри на среќа. Станува збор за кадар кој е обучуван по највисоките светски стандарди за приредување игри на среќа.

„Како најголеми приватни работодавачи во државата, двете Асоцијации и Здружението на вработени, неколку пати баравме средби со Владата, Министерството за финансии, Собраниската Комисија за европски прашања. Сметаме дека е нормално еден ваков сериозен економски сектор да биде слушнат и преку една конструктивна дебата да дојдеме до најдобрите и реално применливи решенија. Денес уште еднаш предупредуваме и бараме надлежните да не разберат многу сериозно. Подготвени сме до крај со масовни протести да се бориме против законски решенија кои ќе предизвикаат силни општествени потреси и ќе креираат хаос во еден многу чувствителен економски сектор. Наша обврска е да ги заштитиме нашите вработени, нивното уставно загарантирано право на работен однос и да застанеме во одбрана на македонската економија“, рече Стоименов.

Претседателот на АСОМ порача дека новиот предлог закон за игри на среќа ќе предизвика затворање на една легална индустрија и ќе отвори широка врата на сивата економија и криминалот.

„Ова веќе се случи во сите држави од регионот каде се посегна по вакви радикални решенија. Од чиј интерес е да цвета криминалот со игрите на среќа и да се вратиме 20 години назад кога се играше во подруми на црно? Секој еден од овие луѓе кои ни се придружија денес директно ќе бидат погодени со губење на работното место ако се донесе овој неевропски, неуставен и монополски закон. Луѓето плаќаат кредити, голем дел од нив се родители кои ја планираат иднината на своите деца, сите тие се луѓе кои ќе бидат оставени без приходи“, порача претседателот на АСОМ, Васко Илијевски.

Од секторот игри на среќа, потсетија и дека пред неколку дена Државниот Завод за Статистика соопшти дека 12 илјади луѓе се иселуваат од Македонија на годишно ниво. Според нивната анализа државата многу брзо ќе биде принудена да увезува работна сила.

To top