Промо

Mind the GAP! Заеднички акции на работничките организации за премостување на родовиот јаз во платите

Mind the GAP! Заеднички акции на работничките организации за премостување на родовиот јаз во платите

Проектот „Mind the GAP! Заеднички акции на работничките организации за надминување на родовиот јаз во платите“ е партнерски проект на 10 организации од 9 различни земји (Бугарија, Италија, Северна Македонија, Црна Гора, Малта, Романија, Србија, Словачка, Полска). Корисник на проектот е Генералниот синдикат на работниците од Малта и се финансира со поддршка од Европската унија.

Овој многу важен проект се занимава со прашањата кои се однесуваат на родовиот јаз во платите ширум Европа, како во членките на ЕУ, така и во државите кандидати. Проектот „Mind the GAP“ е фокусиран на неколку главни цели, како што се зголемување на соработката помеѓу земјите учеснички во следењето на транспонирањето на Директивата на ЕУ за транспарентност на платите, зајакнување на способноста за користење на колективно преговарање од страна на работничките организации за да се надмине родовиот јаз во платите преку онлајн обуки или тредиционални обуки, зголемување на придонесот на работничките организации во креирањето на политиките на ЕУ (препораки засновани на работата на тимовите за надзор, експертите и претставниците на работничките организации), поефикасна имплементација на Директивата за транспарентност на платите во државите членки на ЕУ, како и подобро разбирање на Директивата за транспарентност на платите во државите кандидати, и конечно – унапредување на соработката на работничките организации во развојот на наредните чекори и препораки за намалување на родовиот јаз во платите.

Спроведувањето на трудовиот закон и присуство на стереотипите за родовите улоги и понатаму претставуваат значителни пречки во решавањето на родовите разлики во повеќето земји. За да се подобри усогласеноста, потребни се посилни механизми за спроведување и кампањи за подигнивање на свеста. Ниското учество на жените во работната сила и професионалната сегрегација сè уште постојат; од таа причина, исто така се препорачуваат и политики што промовираат родителско отсуство за татковците и родово неутрална класификација на работите. Многу често, патријархалните норми го попречуваат напредокот, а жените се недоволно застапени на високо платени позиции, па родово осетливите политики и подобрен пристап до менаџерски позиции се клучни за решавање на овие прашања. Исто така, потребни се културолошки промени кон инклузивно лидерство и политики за правично работно опкружување. Јазот во платите во приватниот сектор е поголем проблем поради недоволната транспарентност во платите, па затоа е неопходно задолжително известување за платите и ангажирање на синдикатите, заедно со законски рамки и механизми за одговорност на работодавачите. Клучната компонента на оваа намера е Директивата на ЕУ за транспарентност на платите од 2023. година, која бара транспарентност на платите во сите држави членки за да се елиминираат разликите во платите. Иако оваа Директива претставува голем чекор во вистинската насока, ќе биде потребна значителна институционална поддршка за да може делотворно да се примени. На малите и средни претпријатија може да им биде тешко да ги исполнат овие нови прописи, што дополнително ја нагласува неопходноста од државна поддршка за да се олесни имплементацијата.

 

Поврзани теми

Најнови вести од Промо

To top