Менаџерот на „топџиите“, Микел Артета по завршувањето на мечот во Лондон беше разочаран од резултатот:
– Разочарани сме од резултатот. Вложивме толку многу во натпреварот. Се мачевме првите 10-15 минути да добиеме моментум и доминација. Разочарани сме што не извлековме барем реми. На реваншот ќе се обидеме да пристапиме кон играта на ист начин. Игравме добро, создадовме многу шанси. Знаеме дека можеме да победиме против секој тим – рече Артета.
Реваншот помеѓу ПСЖ и Арсенал ќе се игра на 7 мај од 21.00 часот во Париз.
Победникот од овој двомеч во финалето ќе игра со подобриот од второто полуфинале во кое се среќаваат Барселона и Интер.