Европската ракометна асоцијација (ЕХФ) ги одреди градовите-домаќини на завршните турнири во Европската лига. Оваа година финалните мечеви ќе се одиграат на неутрален терен, поточно во Германија и Австрија.
По успешното издание минатата година, австрискиот Грац вторпат ќе биде домаќин на турнирот во женска конкуренција, додека мажите своите натпревари ќе ги одиграат во германскиот град Хамбург, кој за првпат во историјата ќе биде домаќин на престижен завршен турнир во континентални рамки.
Завршната авантура кај дамите ќе се одржи за викендот помеѓу 11 и 12 мај следната година во „Рајфајзен Спортпарк“ во Грац, додека машкиот турнир ќе се одржи на 25 и 26 мај во „Хамбург Барклејс Арена“.