Кошаркарите на Пелистер не успеаа да ја изненадат екипата-домаќин на третиот, по ред, турнир од оваа сезона во АБА 2 лигата – Широки (75:66).
На овој, во кој во записникот имаа само деветмина кошаркари, а ротацијата беше сведена на само шест, вредни за одбележување се оние 12. реализации кои ги имаа Магдевски и Мијовиќ, делумно и деветте поени кои дојдоа од Бернард и од Костоски.
Премалку за успех портив мотивираниот состав на Широки, и моментален скор од две победи и четири порази.
Денес во истиот термин, 18.часот, во популарната „Пецара“, екипата на ТФТ Моцарт ќе игра против Сутјеска од Никшиќ, додека пак третиот наш претставник во ова натпреварување, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, својот натпревар од ова шесто коло го игра во во среда, од 15.часот, против уште еден ривал од Црна Гора – Подгорица.