Фудбал

Шпанија по победите на Бетис и Билбао од наредната сезона ќе има пет места во ЛШ

Шпанија по победите на Бетис и Билбао од наредната сезона ќе има пет места во ЛШ

Со вчерашните пласмани на Бетис и Атлетик Билбао во полуфиналињата на европските натпреварувања, Шпанија и официјално доби пет места во Лигата на шампионите.

Бетис ја елиминираше Јагелонија и се пласираше во полуфиналето од Конференциската лига, додека Билбао го помина Ренџерс и отиде меѓу четирите најдобри во Лига Европа.

Ваквиот успех на шпанските екипи го зголеми коефициентот на Шпанија во европските натпреварувања, па оваа земја и официјално во следната сезона ќе има пет места во Лигата на шампионите. Претходно за тоа се избори и Англија која исто така ќе има пет позиции.

И Шпанија и Англија оваа сезона имаат полуфиналисти во сите три натпреварувања во Европа.

To top