Шефицата на француската дипломатија, Кетрин Колона, синоќа од Израел изјави дека Париз е „длабоко загрижен“ за ситуацијата на оваа палестинска територија.
-Премногу цивили се убиени, додаде Колона по средбата со нејзиниот израелски колега Ели Коен во Тел Авив.
Меѓутоа, таа нагласи и дека не смеат да се заборават и жртвите од нападот на Хамас на 7 октомври.