Баерн Минхен создаваа шанси, меѓутоа домаќините ги издржаа нападите и дојдоа до билет за топ 4 во Лигата на шампионите.
–Ова беше епски натпревар и ќе го паметиме долго, бидејќи Интер има две големи мадиња. Има толку многу напорна работа и пожртвуваност во овој пласман. Не се откажуваме, имаме и глава и срце. Вистина е, страдавме во моменти од играта, но можеме да целиме високо, -истакна капитенот Лаутаро Мартинез кој кратко го најави соочувањето со Барселона.
-Тие се голем противник со многу историја. Прво треба да се фокусираме на следниот натпревар, а потоа ќе има време да размислуваме за Лигата на шампионите, -заврши Аргентинецот.