Легендарниот некогашен фудбалер Фабио Канаваро успеа да предизвика очекуван позитивен шок во редовите на тимот за кој играат и Адеми и Ристовски, па по вестите за негово заминување, сега тој почувствува потреба да се обрати до сите во клубот, вклучувајќи ги и играчите и навивачите.
– Како што знаат многумина од вас, донесовме заедничка одлука за прекин на соработката со Динамо. Последните три ипол месеци беа исполнети со напорна работа, долги денови, посветеност и упорност. Дадовме се од себе за да анализираме, за да осмислиме стратегија и со знаење и вештини да го покренеме тимот.Смислените и трајни промени во фудбалот, бараат повеќе време. За да биде успешен било кој тим, мора да се постави јасен пат без чести промени. Во фудбалот не постои тајна за успехот, а како некој кој беше почестен да биде дел од врвниот фудбал, имам порака за своите играчи:
– Морате напорно да работите, да се појавувате секој ден, без оглед на се и да ги играте сите натпревари со иста важност. Исто така, треба да бидете горди на дресот кој го носите. Начинот на кој се однесувате на тренинзите и на теренот, како и начинот на кој ве доживуваат ривалите, на крајот ќе диктираат во која насока ќе оди вашата кариера. На управата, колегите, играчите и навивачите на Динамо, им благодарам што ми овозможија да бидам дел од семејството на клубот! Ви посакувам се најдобро, – гласи објавата на Канаваро.