Познати се полуфиналните двојки на клупското Светско првенство (СП) во фудбал што се одржува во Џеда, Саудиска Арабија,
Во понеделник, африканскиот првак Ал Ахли од Египет ќе игра со бразилскиот Флуминенсе, првакот на Јужна Америка, по триумфот над домашниот Ал-Итихад (3:1), преполн со ѕвезди како Карим Бензема, Н’Голо Канте и Фабињо итн.
Јапонската Урава пак го совлада мексиканскиот Леон со 1:0 и си обезбеди место во второто полуфиналето, против првакот на Европа и на Англија, Манчестер Сити, во вторник. Финалето и мечот е трето место ќе се играат на 22 декември.
Во последните 10 изданија на клупското СП победуваа европски тимови. Од почетоците ова натпреварување во 2000 година, 11 тима го креваа трофејот, осум од Европа и три од Бразил.
Годинашното, 20-то клупско СП со учество на седум екипи е последно во ваков формат. Од 2025 година па натаму СП ќе се одржува на четири години и ќе учествуваат 32 екипи.