Останати спортови

Тенисерките ги добија противниците во Били Џин Кинг Купот

Тенисерките ги добија противниците во Били Џин Кинг Купот

Македонската женска тениска репрезентација ги дозна противниците за настапот во Втората Евро-африканска зона од Били Џин Кинг Купот (БЏК).

Нашата селекција се најде во групата Ц каде ќе ги одмери силите со Јужна Африка, Косово и Норвешка која е носител. Првиот ривал ни е Јужна Африка, а потоа врз основа на резултатите од првото коло ќе се одредат и двојките за следниот натпреварувачки ден.

Останатите групи ги сочинуваат Бугарија, Египет и Израел (А), односно во Б конкуренцијата се Естонија, Грузија, Босна и Херцеговина и Кипар кој е домаќин.

To top