Останати спортови

Ивановски дојде до четвртото место на полумаратонот во Белград

Ивановски дојде до четвртото место на полумаратонот во Белград

Дарио Ивановски имаше добра генералка во Белград за Европското првенство во Брисел, бидејќи најдобриот македонски атлетичар истрча со четврто најдобро време на полумаратонот низ улиците во српската престолнина.

Ивановски се пријави за полумаратонот и делницата долга 21 километар ја истрча за еден час, седум минути и 22 секунди, што всушност беше најдобро време на еден европски натпреварувач на денешната трка.

Македонецот заврши веднаш зад африканските атлетичари кои доминираа и на полумаратонот, а фактот што на истиот учествуваа повеќе од 3,680 натпрварувачи од различни земји, доволно говори дека Ивановски е во фантастична форма.

Победник на полумаратонот во Белград беше Кениецот Муалуку Михаел со време од еден час, три минути и 38 секунди, а зад него беа уште двајца Африканци.

To top