Фудбал

Ребека Велч ќе биде првата жена судија во Премиер лигата

Ребека Велч ќе биде првата жена судија во Премиер лигата

Ребека Велч ќе стане првата жена судија во англиската Премиер лига. Таа ќе ја дели правдата на натпреварот Фулам – Барнли на 23 декември.

Велч (40) веќе беше четврти судија во Премиер лигата, на натпреварот Фулам – Манчестер јунајтед на 4 ноември. Таа беше првата жена која судела натпревари во Чемпионшип и во ФА купот.

Велч е судија од 2010 година. Првично работеше и во Националната здравствена служба, но потоа стана професионален фудбалски судија.

Во други земји години наназад има жени- судии. Во Германија, Бибијана Штајнхаус беше првата жена која судеше натпревар во Бундеслигата, во 2017 година. Штајнхаус е во брак со Англиченецот Хауард Веб, поранешен врвен судија, сега актуелен прв човек на Судиската организација на Англија.

Французинката Стефани Фрапар стана првата жена што го судела натпревар на Светско првенство (СП) за мажи, меѓу Германија и Костарика лани во ноември. Претходно таа судеше натпревари во Лигата на шампионите (ЛШ) и во француската Лига 1, од 2019 година.

Премиер лигата, исто така, соопшти дека по пауза од 15 години, Сем Алисон ќе стане првиот судија-црнец. Тој ќе ја дели правдата на мечот Шефилд – Лутон на 26 декември.

To top