Македонија ВМРО-ДПМНЕ

За народот минималец, за синдикалците на батерии максималец

Со примања кои надминуваат 1.6 милиони денари годишно, Трендафилов не може да биде синдикалец. Тој само го злоупотребува синдикатот и за таа цел користи неколку луѓе околу него, кои исто така ги врзал со големи примања.

За народот минималец, за синдикалците на батерии максималец

Раководството на ССМ, синдикатот го претворија алатка за дебело профитерство и лагоден живот со високи примања. Синдикалната активност, од активност за работничките права ја претворија во профитабилна активност која на раководствата им носи дебели плати, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-И сето ова додека зборуваат за минимална плата, без да имаат никакво чувство на грижа или пак трошка чувство на емпатија. Додека Слободан Трендафилов и луѓето околу него ги лажат и манипулираат работниците за минимална плата, тие имаат примања и неколкукратно поголеми од минималната плата.

Ова е лицемерието на синдикалците на батерии како Трендафилов и луѓето околу него, за народот минималец, за синдикалците максималец.

За ова не молчат и веќе го пријавуваат луѓето на кои им е преку глава од ваквото искористување и злоупотреба на работниците за свои цели и профитерства, и од односот на Трендафилов и луѓето околу него со Синдикатот како со своја фирма.

Тоа го потврдуваат и последните информации кои што ги доставија револтирани свиркачи, од кои произлегува дека претседателката на Синдикатот на поштенски и телекомуникациски работници, Васе Депонова има годишни примања од 794.000 денари, стои во партиското соопштение и се додава:

„И оваа исто како и Трендафилов со огромни примања, репрезентации и бенефиции зборуваат за минимална плата.

Со примања кои надминуваат 1.6 милиони денари годишно, Трендафилов не може да биде синдикалец. Тој само го злоупотребува синдикатот и за таа цел користи неколку луѓе околу него, кои исто така ги врзал со големи примања.

Слободан Трендафилов и луѓето околу него се разоткриени. Народот и работниците ги прочитаа и веќе никој не им верува. Знаат дека синдикалната активност им е за нивни лични интереси и профитерство и дека СДС се крие зад ССМ“.

To top