Свет

Рубио во посета на Брисел

Рубио во посета на Брисел

Американскиот државен секретар Марко Рубио денеска ќе пристигне во Брисел на средба со министрите за надворешни работи на земјите-членки на НАТО.

Рубио од денеска до 4 април ќе престојува во Белгија, каде што ќе се разговара за трошоците за одбрана, за Украина и Кина.

За време на престојот, Рубио ќе се сретне и со белгискиот премиер Барт де Вевер, објави белгиската новинска агенција Белга.

Според Вевер, една од темите за која ќе се разговара е и воениот штаб на НАТО во близина на Монс.

Минатата година, Алијансата одлучи таму да изгради нов центар за борба против кибер заканите.

Најнови вести од Свет

To top