Кошарка

MKK Куманово го победи Чаир, ТФТ славеше во Кавадарци

MKK Куманово го победи Чаир, ТФТ славеше во Кавадарци

Кошаркарите на МКК Куманово и ТФТ Скопје издвојуваа победи во двете последни натпревари од 21. коло во Првата лига.

МКК Куманово славеше над Чаир со 97:74 во дуелот кој едно време беше во прекин поради националистичкото навивање на домашните фанови. Натпреварот на крајот го дочека својот крај, а најзаслужни за славјето на кумановци беа Тадиќ со 30 поени и Радукиќ кој на 17 кошеви додаде 8 скока и 7 асистенции.

Најефикасен кај скопскиот тим за кого ова беше трет пораз беше Кели со 25 поени на кои даде 11 скока.

ТФТ пак во Кавадарци беше подобар од Тиквеш со 66:63. Домаќините имаа напад за продолжение, но Младеновиќ не погоди за три поени по што Зафиров ја собра топката под кошот.

Браун и Говенс искомбинираа 31 кош, Глигоријевиќ за поразените беше автор на 21 поен.

To top