Храна и Пијалаци совршено

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Кога ќе го извадите од шпорет, почекајте да се олади и вкусете го за да видите дали треба да додадете сол или повеќе зачини.

Совршен бешамел сос: Одлично оди со разни јадења, ваков не сте пробале досега

Ви треба:

700 мл млеко
50 до 70 гр путер
50 гр брашно
сол и бибер по вкус
морско оревче

Подготовка:

Растопете го путерот на тивок оган, па кога ќе почне да крчка, додадете го брашното и почнете да мешате со жица за да не се формираат грутчиња.

Пропржете го брашното околу 2 минути, а потоа додадете сол и млеко.

Повторно измешајте и додадете бибер.

Додадете мускатно оревче во готовиот сос и продолжете да мешате.

Кога ќе го извадите од шпорет, почекајте да се олади и вкусете го за да видите дали треба да додадете сол или повеќе зачини.

To top