„Едно е јасно: овие земји припаѓаат на европското семејство“, рече Шолц на социјалната мрежа „Икс“ (Твитер) по повод одлуката на Европскиот совет за почеток на пристапните преговори со Украина и Молдавија.
Европскиот совет одлучи да ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија, како и да и додели кандидатски статус на Грузија, соопшти претходно вечерва претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.