Екипата на Е. Пелистер во следниот период ќе биде без Петар Атанасијевиќ, кој веќе некое време го мачи повреда на рамото. Ракометарот нема да биде на располагање на шампионот во следните предизвици. за македонскиот ракометен шампион.
Клубот преку социјалните мрежи потврди дека Атанасијевиќ ќе отсуствува, ама не сподели колку точно ќе трае паузата.