Свет „Џерусалем Пост“

Потврдено убиството на уште двајца израелски заложници на Хамас во Појасот Газа

Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на кибуцот Нир Јоцак и Џошуа Луито Молел, жител на кибуцот Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитанта група.

Потврдено убиството на уште двајца израелски заложници на Хамас во Појасот Газа

Израел потврди дека во Појасот Газа се убиени уште двајца заложници, кои беа држани од палестинската милитантна група Хамас.

Убиствата на Тал Хаими и Џошуа Луит Молел, кои ги држеше Хамас, ги потврдија нивните кибуци, пишува весникот „Џерусалем Пост“.

Весникот наведува дека Тал Хаими, жител на кибуцот Нир Јоцак и Џошуа Луито Молел, жител на кибуцот Нахал Оз, биле убиени додека биле заложници од Хамас во Појасот Газа и дека нивните тела сè уште ги држи палестинската милитанта група.

Хаими, кој беше киднапиран во нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, беше дел од одредот за итни случаи испратен да го одбие нападот на Хамас додека не пристигнат засилувањата.

Новите докази покажуваат дека тој бил убиен истиот ден и дека неговото тело било однесено во Газа, пишува „Џерусалем Пост“.

Молел, студент по земјоделство од Танзанија, пристигнал во Израел две недели пред нападот на Хамас и работел како млекар во кибуцот Нахал Оз.

Најнови вести од Свет

To top