Легендарниот Шарунас Јасикевичиус е нов тренер на истанбулскиот гигант, Фенербахче, јавија турските и грчките медиуми. 47-годишниот Литванец доаѓа во Турција и веднаш го менува Димитрис Итудис, кој денес заработи отказ од управата.
Грчкиот стратег беше доведен со цел да се нападне самиот врв во Евролигата, но резултатите говоера нешто сосема спротивно и Фенер реши да му врачи отказ.
Шарунас Јасикевичиус доаѓа во Истанбул по тригодишниот престој во Барселона и ова за него ќе биде прв ангажман во Турција.