Кошарка

Евролига: Ц,Звезда поразена од Милано. Жалгирис подобар од Париз

Евролига: Ц,Звезда поразена од Милано. Жалгирис подобар од Париз

Париз на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс го претрпе третиот пораз во низа во Евролигата, пораз на гостувањето во Каунас кај Жалгирс.

На францускиот преставник не му беше доволна предноста и од 20 разлика и на крајот доживеа неуспех со резултат 83:81. Домаќините одиграа силно второ полувреме, најистакнати поедници беа Браздеикис и Франциско со 16 и 15 поени.

Најдобар на теренот пак беше Шортс со 21 поен, учинок збогатен со 2 скока, 4 асистенции, 2 украдени, ама и 5 загубени топки.

Црвена Звезда е во „црна дупка“ во Евролигата каде има три порази во серија, последниот од Олимпија Милано во Белград. Како и на првото сезонско соочување, „манекените“ излегоа на крај со српскиот тим, овојпат со 82:80.

Реал Мадрид како гостин ја надигра Виртус Болоња со 80:67, лидерот Фенербахче не дозволи изненадување со Асвел (92:82), Алба и Макаби пак ги одбраните домашните паркети од Басконија, односно Монако.

To top