БИК
Денеска не се обидувајте сѐ да завршите и да им угодувате на луѓето околу вас, бидејќи ќе се нервирате, а тоа не е ниту во ваша полза, ниту на другите. Доколку чувствувате дека околу вас владее хаос, одредете што ви е приоритет и решете се , оставете го останатото. Денот е погоден за осаменост во природа.
БЛИЗНАЦИ
Денеска многумина од вас ќе јаваат на љубовниот бран. Сепак, не верувајте секому што ви ги симнува ѕвездите, можно е да има скриени намери. Колку и да е силна вашата страст, немојте да ве залажува, почекајте да видите како ќе се развива вашата врска. Денот е многу поволен за креативни определби.
РАК
Денеска постои ризик да се изгуби контактот со реалниот свет. Вашиот оптимистички став е прекрасна работа, но во моментов може да предизвика да имате премногу доверба во некого или да летате премногу високо. Некој близок ќе побара помош од вас.
ЛАВ
Денеска треба да бидете поумерени и поурамнотежени, дури и ако денот ве доведе во ситуација на избрзани одлуки. Најдобро е внимателно да размислите за вашите постапки пред да ги преземете и да сфатите дека е предоцна. Ако имате какви и да се сомнежи, одложете го решавањето на проблемот до следната седмица, доколку е можно.
ДЕВИЦА
Денеска воздржете се од непромислени постапки кои имаат влијание врз вашата финансиска состојба. Не им верувајте на луѓето кои ви ветуваат лесни пари без да дадат ништо за возврат. Можно е некој да се обидува да ве измами, да ви се претстави како некој што не е.
ВАГА
Денеска може да се чувствувате дезориентирани или старите проблеми за кои мислевте дека се смириле може повторно да ве опседнуваат. Ако тоа се случи, тогаш болката не е излечена. Не треба да правите многу, само истражете ги вашите емоции и оставете ги да поминат, тоа е процесот на лекување што ви треба.
ШКОРПИЈА
Денеска сите пријатни активности ќе ви користат – спорт, забава или креативно хоби, благодарение на што можете да се опуштите и да заборавите на грижите. Одморете се повеќе и не се преоптоварувајте, особено ако се чувствувате уморни или психички исцрпени. Денот е попогоден за одмор отколку за напорна работа.
СТРЕЛЕЦ
Денеска вашите желби можат да се остварат само ако работите тимски со колегите на работа, а кога е во прашање личниот живот, во соработка со децата и партнерот. Не се обидувајте да се наметнувате, бидејќи ќе удрите во ѕид од тули. На некој ваш пријател можеби ќе му треба вашата помош. Денот е одличен за креативни определби, затоа ваквите активности не ги одложувајте за друг ден.
ЈАРЕЦ
Денеска ќе имате можност на некој начин да се издвоите од останатите, па не останувајте во сенка. Можно е на некој ваш близок да му треба вашата помош или сочувство. Не грижете се премногу, работите веројатно не се толку комплицирани или трагични како што изгледаат. Ако имате сопствен бизнис, можеби ќе треба да преземете непланиран ризик.
ВОДОЛИЈА
Денеска е крајно несоодветен ден за да започнете нешто ново или да се оптоварите со работа. Затоа, одложете ги сите нови потфати за следните неколку дена или, најдобро од сè, за следната седмица. Одморете повеќе и одвојте време за прошетка или некоја друга помирна активност, на овој начин ќе ослободите дел од вашата внатрешна напнатост.
РИБИ
Денеска не преземајте ризични активности на финансиски план. Не трошете пари импулсивно, не инвестирајте или коцкајте, бидејќи постои ризик да претрпите сериозни загуби. Ако имате проблем во односот со партнерот, размислете дали некој од вас дава повеќе отколку што добива.