Полициски службеници од СВР Скопје денеска го лишија од слобода И.Џ. (49) од Тетово, поради сомнение за сторено кривично дело “пустошење на шуми”.
-Денеска околу 13 часот во СВР Скопје е пријавено дека настанал пожар кај православните гробишта во Катланово, при што горела нискостеблеста шума и трева, а според тврдење на очевидец, пожарот го подметнал И.Џ., информира МВР.
Пожарот самиот се изгасил откако заврнало дожд.
По расчистување на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.