На 05.11.2023 во 10.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на кружен тек од бул.„Октомвриска револуција“, бул.„Трета македонска ударна бригада“ и ул.„Благоја Богдановски Гуцман“ во Куманово, патничко возило „опел“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Д.Ј.(82) од Куманово, удрило во велосипед управуван од Р.М.(66) од Куманово, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил велосипедистот, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.