Македонскиот тенисер Калин Ивановски оствари победа на стартот од квалификациите на ИТФ турнирот во Пореч, Хрватска.
Тој во првата рунда од квалификациите денеска го совлада Макс Батјутенко од Казкстан со 2-0 во сетови (7-6/2, 6-2).
Во втората квалификациска рунда Ивановски ќе игра против Марко Николиќ од Србија, кој со 2-0 во сетови го победи Матиес Торес Рамис од Шпанија. Турнирот „Истраска Ривиера“ се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено на земјена подлога.
Настап во следниот период го очекува и Горазд Србљак. Тој настапува на ИТФ турнирот во Аламинос, Кипар.
Турнирот се игра за награден фонд од 15.000 долари, на отворено и на земјени терени. Во првата квалификациска рунда Србљак беше слободен, а утре во второто коло од квалификациите ќе игра против Британецот Кристијан Дел, кој со 2-0 во сетови го совлада Метју Безденхот од Кипар.