Фудбал

Алваро Негредо објави крај на богатата кариера

Алваро Негредо објави крај на богатата кариера

Шпанскиот фудбалер Алваро Негредо официјално ја заврши својата кариера. Информацијата ја сподели на социјалните мрежи, каде се заблагодари на сите негови соиграчи и поддржувачи.

39-годишниот ветеран ја започна кариерата во Рајо Ваљекано, а потоа играше за Севиља, Манчестер Сити, Валенсија, Мидлзборо,Бешикташ , Ал Наср, Кадиз и Ваљадолид.

Најголем клупски успех му е премиерлигашката титула со „граѓаните“ во 2014 година, а за шпанската репрезентација забележа 21 настап и постигна десет голови. Со „фуријата“ стана европски шампион во 2012 година.

To top