СВР Струмица поднесе кривична пријава против Ј.К.(30) од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 05.05.2023 во Струмица, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што пронашле и одзеле метадон.