Македонија Со 64 гласови „за“

Јадранка Дабовиќ Анастасовска избрана за судија на Уставниот суд

Дабовиќ Анастасовска по изборот ја потпиша свечената изјава со која се обврза функцијата да ја извршува совесно и одговорно и дека ги почитува Уставот и законите на државата.

Јадранка Дабовиќ Анастасовска избрана за судија на Уставниот суд

Со 64 гласови „за“ Собранието на денешната 131 седница ја избра Јадранка Дабовиќ-Анастасовска за судија на Уставниот суд.

Дабовиќ Анастасовска по изборот ја потпиша свечената изјава со која се обврза функцијата да ја извршува совесно и одговорно и дека ги почитува Уставот и законите на државата.

Професорката на Правниот факултет, Јадранка Дабовиќ-Анастасовска, е избрана на предлог на СДСМ на местото на пензионираниот судија, Јован Јосифовски, чиј мандат истече на почетокот на минатата година. Дабовиќ-Анастасовска дипломирала на Правниот факултет во Скопје, каде завршила и постдипломски студии по граѓанско право, а подоцна и докторирала. (МИА)

Најнови вести од Македонија

To top