Фудбал родри

Кога се враќа најдобриот фудбалер во светот?

Родриго Ернандес, најдобриот играч на светот, во јавноста познат по прекарот Родри, е се поблиску до враќање на терените по тешката повреда.

Кога се враќа најдобриот фудбалер во светот?

Родриго Ернандес, најдобриот играч на светот, во јавноста познат по прекарот Родри, е се поблиску до враќање на терените по тешката повреда.

Родри беше надвор од терените со месеци, поточно од октомври кога ги скина лигаментите на коленото. Тој беше опериран, мина низ период на рехабилитација, а во меѓувреме ја освои и Златната топка, наградата за најдобар фудбалер на светот.

Иако се очекуваше дека сезоната на Родри е завршена, последната изјава на неговиот тренер Пеп Гвардиола ни кажува дека тој наскоро би можел да се врати на терените.

Манчестер Сити сподели видео на кое се гледа како Родри лесно тренира со топката. Воедно, Гвардиола е изненаден и најавува можно враќање во Премиер лигата оваа сезона.

Новогодишен Giveaway – Зимзоленд

„Навивачите треба да знаат дека не се единствените кои се возбудени. Поминаа пет или шест месеци, но мораме да го направиме тоа чекор по чекор. Не смееме да носиме избрзани и глупави одлуки само за да го гледаме за неколку недели. Тоа е одлична вест, но сè уште не е блиску се врати пред Светското клупско првенство, можеби дури и во Премиер лигата“, изјави Гвардиола.

Блиску до враќање на терените е и Оскар Боб, младото крило од кое Гвардиола имаше големи очекувања пред почетокот на сезоната.

To top