Кошарка

Ентони Едвардс казнет во Лос Анџелес

Ентони Едвардс казнет во Лос Анџелес

Талентираниот американски кошаркар Ентони Едвардс не може да го контролира својот темперамент, а последниот инцидент во Лос Анџелес ќе го чини 35.000 долари за неговата одлука да не го напушти теренот во пропишаното време, откако претходно беше исфрлен од игра поради недолично однесување.

Освојувачот на златниот медал со репрезентацијата на САД дефинитивно ќе мора да поработи на своето однесување доколку сака да стане ас како повеќето од „Дрим-тимот“.

Со последната во низата казни, Едвардс достигна сума од 320.000 долари, колку што плати само казни оваа сезона во НБА лигата, а од октомври собра дури шест.

Американскиот кошаркар и заштитен знак на клубот од Минеаполис најмногу се „истакна“ со непримерно однесување за време на изјавите по натпреварот, но отиде чекор понатаму во најголемиот град во Калифорнија во петокот.

To top