Фудбал

Луис Енрике: Ова можеше да биде финале на ЛШ

Луис Енрике: Ова можеше да биде финале на ЛШ

Шпанскиот стратег Луис Енрике веќе е фокусиран и на следниот настап во Лигата на шампионите.

Францускиот првак доби незгоден противник, односно екипата на Ливерпул која игра во одлична форма, па шпанскиот стручњак е свесен за сериозноста на предизвикот кој ги очекува неговите фудбалери.

– Ова дефинитивно е најдобрата полусезона за нас откако сум тука, но сега мораме да размислуваме за Ливерпул.Тие се екипа која игра во најдобра форма во Европа, не само според резултатите, туку и според начинот на кој играат. Овој дуел можеше да биде и финале на Лигата на шампионите, па мора да бидеме максимално подготвени, – рекол Луис Енрике.

To top