Таа е убедливо најмоќниот и најдобар женски вокал на денешницата во поп музиката во Македонија, а веројатно и многу пошироко, во регионот… Со блескава кариера која трае повеќе од 4 децении, бројни хитови, мноштво албуми и концерти, и една и единствена харзима.
Македонската пејачка која е можеби и единствената која е способна да направи солистички концерти во регионот, надвор од Македонија и тоа во најголемите регионални центри како Белград и Загреб, еднакво носејќи се со популарноста и на најголемите регионални музички ѕвезди.
Во нејзиниот свет на “Дари дари дам“ ништо не е „Црно и бело“, зашто таа оддамна покажала дека светот умее да го обои во најубавите бои со музички ноти кои го растреперуваат срцето и ја милуваат душата.
Вонсериските гласовни способности но и дарбата суверено да владе нсо сцената ја прават концерно неприкосновена, а вокално толку супериорна, што другите не можат ниту одблизу да и се приближат. Но не само нејзината професионална страна, туку и онаа моќ која како личност ја носи во себе ја прават лик кој долго владее и ќе владее со својата кариера во естрадниот шоу бизнис.
Нејзината приватно-професионална спојка со бившиот сопруг, но вечен пријател и се чини доживотен соработник ја прават уште посилна и посамоуеверена, па со секоја нивна нова заедничка песна, се’ повеќе се потврдува дека се една душа , која сепак мора да живее во две тела. Толку различни, а толку блиски.
За почетоците и сегашноста во брилијантната кариера која трае, за песните, инспирацијата, публиката, наградите, за фаталната приватно-професионална привлечност со нејзиниот некогашен сопруг, актуелен композитор и продуцент, за незините најголеми доблести и слабости, за последниот голем концерт во Скопје и претстојните во регионот, за Евровизија и нејзината музичка мисија… И за уште стои една работа со македонската музичка поп дива… Калиопи Букле во интер ток шоуто „Ништо лично“ со Антонио Димитриевски.