Јапонскиот репрезентативец од редовите на Арсенал, Такехиро Томијасу, замина на операција на десното колено и за него оваа сезона е дефинитивно завршена.
Дефанзивецот на „топчиите“ на социјалните мрежи напиша дека започнува процесот на рехабилитација без да наведе колку време ќе паузира, но британсите медиуми веќе објавија дека нема да се врати до крајот на тековната сезона.
„Операцијата мина успешно и сега се фокусирам на што побрзо заздравување и враќање на терените. Фудбалот е тоа што највеќе сакам да го правам во животот, се надевам дека паузата нема да биде предолга. Ова е еден од најтешките периоди во мојата кариера, но нема да се откажам и ќе се вратам уште посилен“, напиша Јапонецот.