Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против М.И.(37) од с.Добри Дол, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.
На 13.02.2025 на подрачјето на општина Врапчиште, гостиварско, пријавениот со патничко возило „форд фиеста“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање и при обид да избега, од возилото фрлил кокаин.