Македонската таеквондистка Мила Рељиќ освои бронзен медал на Европско првенство до 21 година, кое се одржуваше во Букурешт, Романија.
Рељиќ по 4 тешки борби и три победи над преставнички од Хрватска, Полска и Унгарија, во полуфиналето беше поразена од уште една Унгарка, која доминираше во борбата.
Во првото коло Мила се бореше со Дора Мештровиќ (Хрватска) и оствари победа од 2:1 во рунди. Второ коло за противник ја имаше Дафне Стамоу (Грција) исто така победа 2:1. Потоа во борба за медал со Јулија Шпак (Полска) победа 2:0.
Во полуфинале во борбата со Вивијана Мартон (Унгарија) загуби со 0:2.