Еден од најдобрите светски фудбалери, Бразилецот Винисиус Јуниор речиси никаде не е омилена фигура, поради неговиот однос на теренот и надвор од него.
Често има испади и караници со противничките фудбалери, со публиката, а секогаш ги обвинува гледачите за расизам. Често знае да приговара кон судиите кога нешто не му одговара, а бил и „мета“ низ многу скандали во изминатиот период.
Во Мадрид засега го трпат, но како што јавува „Л’Екип“, и таму работите почнуваат да се вшежтуваат. Очигледно и на неговите соиграчи им дојде „преку глава“.
„Откако ја загуби Златната топка, Винисиус е поинаква личност. Неговите соиграчи повеќе не го трпат неговото однесување. Никој повеќе не сака да ја трпи неговата грубост“, се наведува во „Л’Екип“.
Нема реакција од Реал Мадрид на овие пишувања, но се погласни се шпекулациите дека Бразилецот ќе ја прифати богатата понуда од Саудиска Арабија.