Атрактивната тетовка отворено зборуваше за нејзиниот приватен живот, за љубовта, љубомората и тазе прекинатата врска која мораше да биде „жртвувана“ за пејачката да може да продилжи да ја тера естрадната кариера, за написите во медиумите, коментарите на социјалните мрежи, естрадно-кулоарските муабети, кавги и озборувања, за тоа што е, а што не е вистина, а се зборува за неа…

За упорните додворувачи, за слободните врски и приватните дружби со српките музички ѕвезди – од Саша Ковачевиќ и Гастоз до Љуба Перуќица со кои е повеќе од само пријателка или „приватно блиска“ ама на „пристојна дистанца“, за тоа какви мажи сака и со што истите можат да ја освојат, за релациите со колегите и соработниците…
За домашното воспитување, пеењето, имиџот, облекувањето, однесувањето, за мајчинската љубов кон своето чедо, за релациите и комуникацијата која постои или е тотално прекината со бившиот сопруг?

За понудите, плановите и проекциите на нејзината кариера во Македонија и Србија и уште многу други нешта што никаде не сте ги сретнале, ниту пак ќе сретнете на друго место нешто слично како во „„Ништо лично“ – интер ток шоуто со Антонио Димитриевски во чие најново издание гостуваше македонската екс мисица и манекенка, моделот и пејачка, Кристина Димитри.

Но доколку сте ја пропуштиле, погледнете го интер ток шоуто кое ви ја открива помалку познатата страна на личноста на атрактивната тетовка.
