Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен, СДС наместо двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања

ВМРО-ДПМНЕ: Толоманоски по пријавата е разрешен, СДС наместо двојни стандарди да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања

Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид, се вели во одговорот на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролот на СДСМ, Дарко Каевски.

Од ВМРО-ДПМНЕ нагласуваат дека Толоманоски во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата.

-Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков од директорката на училиштето каде Толоманоски работел ќе побара поведување на дисциплинска мерка за прекинување на работниот однос. ВМРО-ДПМНЕ остро се спротивставува за секое незаконско однесување и постапување без оглед на политичка, верска или било каква друга припадност.

СДСМ наместо евтин популизам и двојни стандарди нека побара од Спасовски до крај да го расветли двојното убиство кое ја потресе јавноста, како и да повика на одговорност за задоцнетата реакција со трагичното киднапирање и смрт на малата Вања, се вели во соопштението на партијата.

Најнови вести од Македонија

To top