Фудбал

Се повреди уште еден играч на Арсенал

Се повреди уште еден играч на Арсенал

Фудбалерите Габриел Жесус и Букајо Сака се на листата на повредени и  сега „топчиите“ нема да може да сметаат ниту на единствениот шпиц кој го имаат на располагање.

Станува збор за Каи Хаверц, кој добил сериозна повреда, и се очекува да паузира извесен период од терените.

Според информациите, Германецот се повредил за време на тренинг кампот на екипата во Дубаи. Наскоро се очекува Арсенал да потврди колку ќе паузира Хаверц.

To top