Македонскиот репрезентативец, Петар Атанасијевиќ имаше партија за паметење во дресот на Еурофарм Пелистер во Купот на Македонија.
„Фармацевтите“ го уништија Шампион со 57:16 во средба во која Петар едноставно беше незадржлив и постигна неверојатни 32 гола.
Со ова Атанасијевиќ постави рекорд кога е во прашање машкиот ракомет, стана играч кој постигнал најмногу погодоци на еден меч, односно го надмина Златко Димитровски кој своевремено во дресот на ВВ Тиквеш даде 31 гол.
Резултати:
Борец – Пролет 11-49
Прилеп – Јехона 40-17
Куманово – Текстилец 28-21
Астраион – Струга 18-25
Голден Арт – Аеродром 37-27
Бутел Скопје – Македонија ЃП 49-26
Драчево – Алкалоид 26-44
Партизан Гевгелија – Тиквеш 20-56
Еурофарм Пелистер 2 – Овче Поле 48-23
Еурофарм Пелистер – Шампион 57-16
Преспа Вардар – Радовиш 22:41
Бисинов – Мулти Есенс 24-39