Кошаркарите на најтрофејниот македонски тим Работнички брзо се рехабилитираа од минатонеделниот шок и остварија убедлив триумф на гостувањето кај Гостивар во салата „Младост“ (65:86).
Во рамките на 11. коло од прволигашката конкуренција во мак-баскетот вечерва победа, многу потешко од очекувањата забележа и фаворитот Пелистер во дуелот пред своите навивачи со Кожув (72:61).
Работнички доби три од четирите четвртини, а најрасположени за игра беа Рикиќ со 23 поени и 14 скокови, Трајс со 17 и Ефремовски со 16 кошеви. Џонс и Вилијамс со по 15 поени беа најефикасни кај домаќините.
Пелистер во последната четвртина која ја доби со 17:10 го скрши отпорот на незгодниот гостин од Гевгелија. Планиниќ со 14 кошеви и Маслинко со 12 беа најефикасни кај битолчани.
Во третиот одигран натпреавр вечерва Охрид загуби од Чаир со 64:74.