Кошаркарите на Лос Анџелес лејкерс станаа првите шампиони во НБА купот, откако во големото финале на новото натпреварување ја совладаа екипата на Индијана пејсерс со резултат 123:109.
Херој на големиот успех на тимот на ЛА беше искусниот Леброн Џејмс, кој беше прогласен за најкорисен играч на ова натпреварување.
Во финалниот меч против Индијана, тандемот Дејвис – Џејмс беше нерешлива енигма за одбраната на ривалот.
Ентони Дејвис одигра меч за паметење, имаше учинок од 41 поен и 29 скокови, додека „Кралот Џејмс“ го следеше со 24 поени, 11 скокови и четири асистенции.
Иако не беше најефикасен на овој натпревар, Леброн го доби признанието МВП, откако од стартот на натпреварувањето пружи одлични партии и го одведе тимот до историски трофеј. Во поразениот тим се истакнаа Халибартон и Матурин со по 20 поени.