Почитувани, Ве известуваме дека денеска 08.12.2023 година во 12:00 часот во Културен центар „Димитар Влахов“ во општина Гази Баба, по повод Св. Климент Охридски, Градскиот комитет на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во соработка со Комисија за култура на ВМРО-ДПМНЕ, организира отворена дебата на тема „Македонија, придонесот и континуитетот од Св. Климент Охридски до денес“, се вели во поканата до медиумите испратена од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека говорници на дебатата ќе бидат:
Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ,
Проф. д-р Михајло Марковиќ,
Проф. д-р Бранислав Светозаревиќ,
Слободанка Џеповска, претседателка на Градскиот комитет на УЖ на ВМРО-ДПМНЕ,
Проф. д-р. Александар Какасулис.
Настанот ќе се пренесува на официјалниот youtube канал на ВМРО-ДПМНЕ и на официјалниот facebook профил на Христијан Мицкоски.