Хроника

Судир на три возила, тешко повреден возач

Судир на три возила, тешко повреден возач

На 29.01.2025 во 19.15 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – с.Јажинце, кај влезот за с.Глоѓи, се случила собраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.Ш.(24) од с.Гургурница, патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од А.А.(20) од с.Доброште и патничко возило ,,Тојота јарис“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.И.(54) од с.Доброште, информира СВР Тетово.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на Д.Ш., констатирани во Клиничка болница Тетово.

Увид на местото извршила екипа на СВР Тетово.

To top