Мета објави дека сите лични повици и разговори на секој корисник на Месинџер ќе бидат стандардно шифрирани. Тоа е голема надградба на приватноста што ќе ја направи услугата слична на Ватс ап.
Поради технологијата за шифрирање, „никој, вклучително и Мета, не може да види што е испратено или кажано, освен ако не одлучите да ни ја пријавите пораката“, напиша Лоредана Крисан, шеф на Месинџер, во придружниот блог пост.
На Мета ќе и треба неодредено време за шифрирање на сите разговори на Месинџер, пренесува CNBC.
Од 2016 година, корисниците на Месинџер можат да изберат дали да ја вклучат заштитата за разговор преку процес наречен шифрирање од крај до крај. Ја шифрира комуникацијата на луѓето така што трети лица не можат да прислушуваат и да пристапат до податоците. Иако другата апликација за пораки на Мета, Ватс ап, исто така користи шифрирање од крај до крај, поборниците за приватност генерално сметаат дека Сигнал е побезбедна комуникациска услуга бидејќи собира помалку кориснички податоци.
„По долгогодишна работа на обнова на Месинџер, ја ажуриравме апликацијата со стандардно шифрирање за сите лични повици и пораки“, напиша извршниот директор на Мета, Марк Закерберг во објава на Фејсбук во средата.