Засега никаква мерка не е предложена од страна на Јавното обвинителство за адвокатот на Љупчо Палевски, Васко Стојков.
Тој вчера повторно беше на распит на полициска станица.
-За уште едно лице кое од вчера беше задржано 24 часа во полициска станица, до ОЈО Скопје е доставено известување. Јавен обвинител оцени дека во овој момент не постојат законски основи да бидат предложени мерки на обезбедување, меѓутоа проверките за негова евентуална инволвираност во кривично-правен настан продолжуваат, информираат од Обвинителството.
Оттаму истакнуваат дека донесена е Наредба за спроведување истражна постапка за лицето кое го возеше Палчо до Турција,
Тој се сомничи дека сторил кривично дело – Помагање на сторител по извршено кривично дело од член 365 став 3 вв став 1 од Кривичниот законик.