Познати

Шварценегер специјален гостин на скијачкиот Светски куп „ФИС“ во Австрија

Шварценегер специјален гостин на скијачкиот Светски куп „ФИС“ во Австрија

Арнолд Шварценегер викендов е снимен во австриското село Гоинг ам Вајлден Кајзер, близу Кицбил, каде што присуствуваше на традиционалната „Вајсвурст забава“.

Оваа прослава ги привлекува околните жители и туристите со храна, музика и добра атмосфера, а славниот „Терминатор“ дегустираше колбаси, дружејќи се и забавувајќи се со локалците… Претходно дента, глумецот присуствуваше и на машката трка во спуст на натпреварот во Светски куп „ФИС“ во алпско скијање во Кицбил.

Инаку, Шварценегер е роден во Австрија , во село близу Грац, па оваа посета потсети на неговата поврзаност со оваа средноевропска земја, покрај љубовта кон зимските спортови.

To top