Кошаркарите на МЗТ Скопје дојдоа до шеста победи во низа во Првата Лига од која последната беше против МКК Куманово со 83:67.
Куманово имаше перфектни седум од седум на домашен терен, но тоа не ги исплаши металците кои му одржаа лекција на тимот кој го води Марин Докузовски. МЗТ водеше со 42:33 во 20 минути, додека по три четврини таа предност изнесуваше 64:46 по што беше јасно дека гостите од Скопје ќе го освојат целиот плен.
Крстевски беше лидер со 26 поени, двоцифрени беа уште Едвин со 13 и Стојановски и Маслинко со по 10 кошеви. Тадиќ кај поразените беше автор на 128 кошеви.
Пелистер пак оствари триумф над Гостивар од 89-78 во дебито на новит тренер Ненад Трајковиќ. „Зелено-белите“ не беа на посакуваното ниво во првиот дел и на одмор заминаа со негатива од 46:55, но по паузата излезе друга екипа на двете страни на теренот и го запиша резултатот кој го посакуваше.
Бојиќ беше најдобар на паркетот со дабл-дабл од 26 поени и 11 скока. До победи на денешните мечеви дојдоа и екипите на Тиквеш и Шкупи над Кожув односно Вардар.