Ракомет

Мем: Се гледа работата на Лазаров со репрезентацијата

Мем: Се гледа работата на Лазаров со репрезентацијата

Францускиот ракометен репрезентативец Дика Мем истакна дека ја следи Македонија и Лазаров и ги издвои позитивните страни на оваа селекција.

„Минатата година игравме против Македонија и Кире Лазаров беше селектор. Со искуството кое тој го има се гледа неговата работа на детали. Јас како ракометар тоа добро го забележувам. Идејата за ракометот која ја има ми се допаѓа. Македонија има компактна одбрана, играат одлично со кружните напаѓачи. Имаат одлични пивотмени. Ние мора да се концентрираме на нашата игра и на нашите карактеристики.

Една година играв со Лазаров и не мислев дека ќе биде тренер, но одлично му оди. Тој е легенда во Македонија, сите го сакаат и ќе биде успешен тренер“, изјави Дика Мем пред мечот со Македонија,

To top